27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСиромашните „побогати“ од богатите

Сиромашните „побогати“ од богатите

sli1

За прв пат во историјата збирот на бруто домашниот производ (БДП) на земјите во развој е поголем од збирот на БДП на богатите светски економии, покажуваат податоците на ММФ.

Иако вреди да се истакне дека споредувањето е изведено со усогласување на паритетите на куповната моќ, податоците покажуваат дека вредноста на стоките и услугите кои ги произведуваат „сиромашните“ економии е поголема за 1,6 милијарди долари за разлика од она што го произведуваат светските „богаташи“.

Пазарите во развој имаат прилагоден БДП од 44,4 милијарди долари, додека развиените земји произведуваат вредност во износ од 42,8 милијарди долари на годишно ниво, пренесува „Кварц“.

ММФ меѓу развиените земји вбројува 34 нации – членките на Г7 ( САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Канада и Јапонија), останатите членки на еврозоната и четирите „неодамна индустријализирани азиски економии“- Тајван, Хонг Конг, Сингапур и Јужна Кореја.

Останатите 150 земји во светот се сметаат за пазари и економии во развој.

Споредбата не ги опфати двете најголеми светски економии – САД, која се смета за напредна развиена економија, и Кина, која се смета за пазар во развој.

Вреди да се истакне дека освен што се побројни, неразвиените земји имаат и значајна предност во популацијата, па се далеку зад „богаташите“ кога станува збор за годишниот производ по глава жител.

Богатите земји може да се пофалат со годишен бруто производ по глава на жител од дури 41,369 долари, во споредба со скромните 7,415 долари во земјите во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП