24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте цената на нафтата на светските берзи

Расте цената на нафтата на светските берзи

На азиските берзи се тргува внимателно, по два дена силен раст на цената на акциите, додека доларот дополнително ослабна во однос на кошницата валути, а цената на нафтата порасна втор ден по ред.

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна, па индексот на доларот е на пат кон првата неделна загуба во последните шест недели.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 98,11 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 98,40 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута е стабилен на околу 118,75 јени, како што беше вчера во овој момент.

Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1.1095 долари, додека вчера во овој момент беше 1.1025 долари. Благодарение на тоа, еврото неделава е на пат да порасне во однос на доларот за 1,7 отсто.

Цените на нафтата, пак, растат втор ден по ред, по корекцијата на почетокот на неделата.

Вчера нафтата поскапе за повеќе од 8 отсто, а утринава цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за дополнителни 2,33 отсто, на 109,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 2,56 отсто на 106,52 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП