26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во ЕУ 6,2 отсто, во еврозоната 5,9 отсто во февруари

Инфлацијата во ЕУ 6,2 отсто, во еврозоната 5,9 отсто во февруари

Февруарската инфлација во Европската унија го забрза растот на 6,2 отсто на годишно ниво од јануарското ниво од 5,6 отсто, достигнувајќи нов историски рекорд, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Еуростат.

Во блокот од 27 земји, инфлацијата во февруари минатата година беше 1,3 отсто.

Во еврозоната, потрошувачките цени се зголемија за 5,9 отсто минатиот месец од 0,9 отсто во февруари 2021 година. Инфлацијата на годишно ниво во еврозоната беше 5,1 отсто во јануари.

Највисок годишен раст на цените е забележан во февруари во Литванија (14,0%), Естонија (11,6%) и Чешка (10,0%), додека Малта и Франција имаат најниски стапки на инфлација ( 4,2%) и Португалија, Финска и Шведска( 4,4%).

Според податоците на Евростат, во споредба со јануари, инфлацијата паднала само во две земји-членки на ЕУ, додека таа скокнала во 25 земји.

Најголем пораст на цените е забележан во енергетскиот сектор, потоа услугите, храната, алкохолот, тутунот и неенергетските индустриски производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП