28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРуски олигарх објаснува: „Да му се каже нешто на Путин против војната...

Руски олигарх објаснува: „Да му се каже нешто на Путин против војната би било самоубиство“

Еден од најбогатите руски олигарси Михаил Фридман рече дека санкциите нема да го спречат Владимир Путин да ја продолжи воената операција, предупредувајќи го Западот да разбере како функционира моќта во Москва.

Михаил Фридман, сопственикот на групата Алфа, за Блумберг изјавил дека обидот да се принудат руските олигарси да вршат притисок врз Путин е нереална цел.

„Ако луѓето одговорни за ЕУ ​​веруваат дека поради санкциите, би можел да му пријдам на господинот Путин и да му кажам да ја прекине војната и ќе успее, тогаш се плашам дека сите сме во голема неволја“, рече Фридман, пишува Би-Би-Си.

„Тоа значи дека оние кои ја носат оваа одлука не разбираат ништо за тоа како работи Русија. А тоа е опасно за иднината“, кажал тој.

„Малку е веројатно дека некој од кругот на Путин би можел да зборува за завршување на војната со него“, додал моќниот олигарх.

„Растојанието на моќта меѓу Путин и кој било друг е како растојанието меѓу Земјата и вселената“, рече Фридман.

„Да му се каже нешто на Путин против војната, за било кој, би било самоубиство“, изјавил тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП