5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПознатиот „Терминатор“ му порача на Путин: Ти ја започна оваа војна, ти...

Познатиот „Терминатор“ му порача на Путин: Ти ја започна оваа војна, ти прекини ја(ВИДЕО)

Познатиот холивудски актер и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер го повика Владимир Путин „да ја запре војната“ и им порача на руските војници дека нивните животи се „жртвуваат за бесмислена војна која ја осудува целиот свет“.

Во деветминутното видео објавено на неговиот профил на Твитер, Шварценегер го сподели своето искуство со Русија, велејќи дека секогаш бил инспириран од „силата и срцето на рускиот народ“.

Во еден дел од видеото, тој се обиде да ги направи руските војници посвесни за околностите на конфликтот во кој учествуваат, рече тој.

„За руските војници кои ја слушаат оваа порака, веќе знаете многу од вистината за која зборував. Го видовте тоа со свои очи “, рече популарниот Терминатор.

Тој нагласи дека ова не е војна за одбрана на Русија „кои ја воделе дедовци или прадедовци“, туку „нелегална војна“.

Во пораката до рускиот претседател, Шварценегер рече:

„Претседателе Путин порачувам: „Ти ја започна оваа војна. Ти ја водиш оваа војна. Ти можеш да ја запреш оваа војна“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП