3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските танкери брзаат кон САД пред да стапи на сила забраната за...

Руските танкери брзаат кон САД пред да стапи на сила забраната за увоз

Најмалку 10 танкери со руска нафта и нафтени деривати патуваат кон САД од 16-ти март, според „Refinitiv“ и трговците со гориво. Тие брзаат да ги испорачаат набавките пред да стапи на сила забраната за увоз на руски фосилни горива, воведена од Вашингтон пред една недела.

Властите во земјата дадоа рок од 22-ри април да се заврши целата трговија и испораките на руска нафта и гас, пренесува „Reuters“. Забраната е поврзана со руската инвазија на Украина.

До крајот на овој месец се очекува намалување на испораките на руска нафта во САД. Во земјата во просек дневно влегуваат нешто над 670.000 барели, а за овој март се очекуваат околу 597.000 барели.

Во средата (16-ти март), Украина ги повика Соединетите Држави да воведат повеќе санкции, вклучително и врз американските компании вклучени во руската трговија со нафта, со таргетирање на танкер на „Chevron“ што превезува нафта од руското пристаниште Новоросијск кон Холандија. Пристаништето е центар поврзан со нафтовод од Казахстан, но нафтата се меша со руската сорта Урал. Според аналитичарите, тешко е да се каже точно кое е потеклото на нафтата што доаѓа од овој центар.

Од „Chevron“ велат дека американскиот закон не забранува трговија со нафта од Казахстан и има сертификат дека тоа е пратката. Компанијата одби да го коментира барањето на украинските власти да не влегуваат во руските пристаништа.

Поради овие коментари од украинската страна, компаниите сега треба да го проценат не само ризикот од воведување санкции, туку и ризикот за репутацијата, предупредуваат аналитичарите.

Потсетуваме, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на својот профил на Твитер остро го коментираше договорот на „Shell“ на почетокот на овој месец.

 Компанијата објасни дека добивката од трговијата со руска нафта ќе ја стави во посебен фонд за поддршка на Украина, а потоа најави дека ќе престане да тргува со суровината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП