19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордно производство на зелена енергија во Австралија

Рекордно производство на зелена енергија во Австралија

Во последните четири години, Австралија, водечкиот извозник на јаглен, успеа да го удвои капацитетот на покривните фотоволтаици и, пред се, благодарение на нив, во 2021-ва година забележа рекордно производство на зелена енергија.

Податоците на локалните власти покажуваат дека лани обновливите извори произвеле 31,4 отсто од производството на електрична енергија во земјата. Минатата година во земјата беа изградени 3,2 гигавати нов покривен капацитет и така во Австралија се изградени околу 3 милиони кровни системи со вкупен капацитет од 16 гигавати, пишува „Bloomberg“.

Податоците на локалните власти покажуваат дека главна суровина за производство на електрична енергија во земјава е јагленот – нешто над 62%.

Сепак, бумот на фотоволтаиците на покривите е при крај – се очекува оваа година да се додадат 2,5 гигавати нов капацитет. Владата ги намалува попустите, а мрежните оператори воведуваат нови правила за продажба на струја од објектите.

Ова, заедно со пониските пазарни цени во земјата, го продолжува повратот на инвестициите направени од домаќинствата и тоа веројатно ќе им ја одземе водечката улога во енергетската транзиција на земјата.

Благодарение на фотоволтаиците на покривите, Австралија досега успеа да отфрли дел од критиките за недоволните мерки за борба против климатските промени. Како водечки извозник на фосилни горива, Австралија е исто така еден од најголемите светски загадувачи по глава на жител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП