19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕАјфеловата кула порасна: Познатата кула во Париз сега е висока 330 метри

Ајфеловата кула порасна: Познатата кула во Париз сега е висока 330 метри

Тоа беше постигнато благодарение на инсталирањето на нова антена за дигитално емитување. Поставувањето во вторникот траеше само петнаесет минути, колку што му требаше на хеликоптерот да ја спушти и техничарот да ја прицврсти, а со тоа и познатата кула да добие нова висина.

Станува збор за модерна радио антена од системот DAB+, а за да се постави претходно требаше да дадат одобрение од градот Париз, Министерството за култура и париската полициска префектура.

„Челичната дама“, како што милосрдно ја нарекуваат жителите на градот на светлината, дело на Густав Ајфел, беше поставена во 1889 година за Големиот светски саем и беше од привремен карактер, но успеа да опстане и денес е еден од симболите на Париз и Франција.

Првично беше висока 312 метри, а поради јарболот и различните антени претходно се менуваше во 1991, 1994 и 2000 година. Пред ова „продолжение“ беше висока 324 метри.

Гордите Французи велат дека Ајфеловата кула сега е уште поблиску до ѕвездите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП