1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофит во Qantas и покрај загубите во странство

Профит во Qantas и покрај загубите во странство

qantas1

Австралиската авиокомпанија „Qantas“ во фискалната година, заклучно со 30 јуни, остварила скромен профит од пет милиони австралиски долари (4,5 милиони американски долари), бидејќи намалувањето на трошоците ги надополни загубите кои компанијата ги забележи во странство.

„Qantas“ минатата година имаше рекордна загуба од 245 милиони австралиски долари поради растот на цените на горивата, штрајковите кои ги приземјиа авионите и слабата побарувачка на меѓународни летови, пренесува агенцијата АП.

Ова е прва загуба на „Qantas“ откако некогашната државна авиокомпанија е приватизирана во 1995 година.

Профитот пред оданочувањето изнесувал 192 милиони австралиски долари, во однос на 95-те милиони од претходната година, додека приходите се зголемени за 1,1 процент на 15,9 милијарди австралиски долари.

Меѓународната филијала на „Qantas“ и понатаму претставува товар за компанијата, бидејќи во изминатата година забележила загуба од 246 милиони австралиски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП