4 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАОткриен досега непознат вид на коронавирус

Откриен досега непознат вид на коронавирус

Министерството за здравство на Израел денеска соопшти дека во таа земја се откриени два случаи на инфекција со нов засега непознат вид на коронавирус.

Новиот вид, комбинација од доминантниот омикрон подсој BA.1 и другиот подсој BA.2, предизвикува благи симптоми, вклучувајќи ниска температура, болки во мускулите и главоболки и не бара посебен третман, објавија израелските медиуми.

Според Министерството, сојот се уште не е познат во светот, а бил откриен со PCR тестирање на патници на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив.

Подсојот BA.2 предизвикал повторна инфекција кај некои луѓе кои првично биле инфицирани со сојот омикрон.

Иако бројот на нови случаи на инфекција во Израел е намален, секој што пристигнува на аеродромот е подложен на тестирање.

Во средината на февруари во еден ден имало повеќе од 30.000 новозаразени, а во вторникот биле регистрирани 6.310.

Во меѓувреме, бројката “R”, која покажува колку луѓе може да зарази еден заразен, достигна 0,9. Пред две недели беше 0,66.

Генералниот директор на израелското Министерство за здравство, Нахман Еш, денеска изјави дека новиот вид може да потекнува од таа земја.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, во Израел починале 10.401 лице.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП