15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраинец фатен во обид да побегне од државата, се скрил во кутијата...

Украинец фатен во обид да побегне од државата, се скрил во кутијата за играчки на децата(ВИДЕО)

Возрасните мажи од Украина не смеат да ја напуштаат земјата за време на руската инвазија, но 37-годишен маж се сокрил во кутија за детски играчки пренесувана во автомобил и се обидел да ја напушти Украина, заедно со сопругата и двете деца.

Граничната полиција го фатила на преминот Росошани со Молдавија. Автомобилот бил полн со играчки и детски реквизити, па им изгледал сомнително, а откако ги провериле документите за жената и децата, го прегледале багажникот. Таму нашле човек во кутија за играчки.

„Како што се испостави, сопругата се обидела да го пренесе таткото на нејзините деца преку границата. Граничарите не го пропуштиле патникот затоа што на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години не им е дозволено да заминат“, извести украинската гранична служба.

Против 37-годишникот е поднесена тужба за обид за неовластено преминување на државната граница, а ќе биде тужена и сопругата која се обидела нелегално да превезе лице преку државната граница на Украина, по член 332 од Кривичниот законик.

Што се однесува до забраната за напуштање на државата, постојат исклучоци како медицински причини, ако таткото се грижи за три или повеќе деца, ако сам одгледува дете, ако има дете со посебни потреби или ако посвоил дете. Две деца не спаѓаат во овие исклучоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП