8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска нула проценти ДДВ за основните производи за исхрана

Од денеска нула проценти ДДВ за основните производи за исхрана

Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип -400, млеко со масленост од 2%, 3,2% и 3,5 % масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора најдоцна до 17 март 2022 година да ги прилагодат фискалните апарати.

Ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погореспоменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0%, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност.

Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кои се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана.

-Апелираме до сите навремено да ги прилагодат фискалните апарати, велат од владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП