19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКо-основачот на Apple верува дека вредноста на биткоинот ќе достигне 100.000 долари

Ко-основачот на Apple верува дека вредноста на биткоинот ќе достигне 100.000 долари

Со секој поголем пораст и пад на биткоинот и другите криптовалути, многумина заработуваат или губат милиони, а овој облик на инвестирање е исклучително ризичен, но може да биде и доста профитабилен, како што ќе потврдат многу крипто-милионери. Во време на висока инфлација, кога вредноста на парите кои луѓето ги имаат во банка или под душекот паѓа, се поставува прашањето дали заштедата вреди да се инвестира во биткоин или некоја друга криптовалута.

Кога инвестирате во крипто, многу аналитичари и експерти секогаш го кажуваат истото – инвестирајте го само она кое сте спремни да го изгубите бидејќи, бидејќи криптовалутите се екстремно нестабилни, тие можат значително да ја изгубат вредноста за кратко време, што секако не оди во прилог вашата заштеда да ја инвестирате во биткоини.

Но, оние кои имаат некој вишок пари и сакаат да ги инвестираат, со интерес ја следат состојбата на пазарот, барајќи го најдоброто време за инвестирање и купување биткоини. Сегашната вредност на биткоинот е околу 40.000 долари, а некои експерти претходно најавија дека може да очекуваме дополнителен раст на вредноста оваа година, што би можело да го собори рекордот од ноември минатата година кога вредноста се приближи до 70.000 долари.

И колку високо може да оди таа вредност, коментира Стив Возниак во неодамнешниот подкаст. Ко-основачот на Apple и експерт за технологија верува дека во иднина би можело да достигне дури 100.000 долари за еден биткоин.

Неговото размислување не се заснова на некои „математички равенки“ или знаци од пазарот, туку до овој заклучок дошол врз основа на големиот интерес на корисниците за биткоин и криптовалути.

“Воз” претходно предупреди за опасностите од многу помалку познатите криптовалути кои често се рекламираат од познати личности. Луѓето инвестираат во такви валути бидејќи веруваат дека ако инвестираат додека нивната цена е ниска, со текот на времето ќе се збогатат, но најчесто остануваат без пари, или завршуваат во минус. За разлика од нив, Возниак верува во биткоинот и неговиот потенцијал.

Да потсетиме, во криптовалути инвестираше уште еден од најпознатите во Apple – извршниот директор Тим Кук. Сепак, тој не сакаше да каже колку пари и во која валута инвестирал и секако не сакаше да им дава совети на корисниците за инвестирање во крипто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП