12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски ја нарече Русија терористичка држава

Зеленски ја нарече Русија терористичка држава

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече Русија „терористичка држава“, наведувајќи дека рускиот напад врз Мариупол не се разликува од опсадата на Ленинград за време на Втората светска војна.

Зеленски доцна синоќа во своето обраќање до нацијата рече дека војната се уште не е завршена и дека „руските воени злосторства продолжуваат“, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

„Руската економија сè уште е способна да ја одржува воената машина. Затоа ни се потребни нови санкции против Русија. Светот конечно мора официјално да признае дека Русија стана терористичка држава“, рече Зеленски.

Тој, исто така, директно им се обратил на Русите, барајќи од нив да се запрашаат дали опсадата на Мариупол се разликува од опсадата на Ленинград за време на Втората светска војна.

Украинскиот претседател им вети и на руските војници шанса да преживеат доколку го положат оружјето.

„Ако руската армија претрпи загуби што не ги виде во Сирија или Чеченија, а советските трупи ги немаа во Авганистан. Ако вашата војна, војната против украинскиот народ, продолжи, мајките на Русија ќе изгубат повеќе деца отколку во авганистанските и чеченските војни заедно. Зошто е тоа потребно?“, праша Зеленски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП