27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој во ЕУ има најкратка работна недела

Кој во ЕУ има најкратка работна недела

Најмалку работни часови во ЕУ имаат Германците и Финците, а најмногу Хрватите, покажуваат податоците на Еурофонд.

Во Германија пропишаната работна недела трае 35,6 часа, работниците можат да работат најмногу десет часа дневно, а најмногу 48 часа неделно.

Во таа земја, премиите за прекувремена работа се определуваат со колективни или индивидуални договори.

Во Финска, каде што редовната работна недела е 37,5 часа, прекувремено можат да достигнат максимум 48 работни часа, и тоа за четири месеци годишно.

Во таа земја само 13 отсто од работниците работат прекувремено, бидејќи премијата на платата за првите два прекувремени часа од денот е 50 отсто, а за третиот и секој нареден 100 отсто, додека на неделната прекувремена работа се доделува бонус од 50 проценти.

Во Финска, прекршувањето на законот за работно време се казнува со парична казна и до шест месеци затвор.

Иако долгата работна недела има штетен ефект врз физичкото и менталното здравје, како и врз рамнотежата помеѓу работата и животот на работниците, студијата на Еурофонд за прекувремената работа во ЕУ, како и во Норвешка и Велика Британија, покажува дека се уште се смета нормално во некои земји работниците да работат прекувремено.

Во европските земји минималната премија за прекувремена работа во работни денови е десет, 25 или 40 отсто, а за прекувремена работа на државни празници, ноќе или на празници таа се зголемува до 100 отсто или во некои случаи и до 150 отсто.

Работниците во некои земји можат да добијат 1,5 часа слободно време за секој час прекувремена работа во работен ден наместо бонус.

Европската директива за работно време од 2003 година ја ограничи максималната неделна работа на 48 часа со прекувремена работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП