28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМистериозно руско оружје откриено во Украина

Мистериозно руско оружје откриено во Украина

Американски разузнавачи откриле дека балистичките проектили лансирани од Русија кон Украина содржат изненадување: мамки за радарите за воздушна одбранa, кои мамат ракети со термичка детекција, пишува „Њујорк тајмс“.

Уредите се долги околу еден метар, во облик на стрела и во бела боја со портокалова опашка. Тие се испуштаат од балистичките ракети со краток дострел „Искандер-М“, кои Русија ги лансира од мобилни фрлачи од другата страна на границата, изјави американски официјален претставник.

Тој додава дека мистериозниот предмет се исфрла кога проектилот ќе детектира дека е откриен од противвоздушната одбрана.

Уредот е полн со електроника и произведува радиосигнали за да им пречи на непријателските радари кои се обидуваат да го лоцираат „Искандер-М“ и содржи извор на топлина за привлекување проектили што доаѓаат од спротивната страна. Службеникот, кој не е овластен да зборува јавно за разузнавачки прашања, го опишал уредот, но побарал да остане анонимен.

Пронајдените мамки би можеле да дадат одговор на прашањето зошто украинската воздушна одбрана има проблеми со пресретнувањето на руските ракети „Искандер“. Одговорот може да биде во овие уреди шро ја доведуваат во заблуда воздушната одбрана.

„Искандер“ е балистички ракетен систем со краток дострел, кој има опсег од повеќе од 400 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП