26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраина не го прифаќа рускиот предлог за австриски модел на неутралност

Украина не го прифаќа рускиот предлог за австриски модел на неутралност

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека идејата на Русија, Украина да прифати неутралност во австриски стил, сепак е неприфатлива за земјата.

Михајло Подољак, член на преговарачкиот тим на Украина, за локалните медиуми изјави дека секој мировен договор мора да биде под украински услови, кои го штитат нејзиниот суверенитет.

„Го разбираме обидот на нашите партнери да останат активни во преговарачкиот процес“, рече Подољак. „Но, Украина сега е во состојба на директна војна со Русија“, додаде тој.

Јасно му е, вели, дека се споменува шведскиот или австрискиот модел.

„Mоделот може да биде само украински и само со законски потврдени безбедносни гаранции. И без други модели или опции“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП