Главниот руски преговарач на средбите со Украина и еден од луѓето од доверба на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, откри каква е понудата на Киев за Москва.
-Украина нуди австриска, шведска верзија на неутрална демилитаризирана држава, но во исто време и држава со своја војска и морнарица. За сите овие прашања се разговара на ниво на раководството на министерствата за одбрана на Русија и Украина, рече Медински.

