19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските милијардери заработија најмногу за време на пандемијата (ИНФОГРАФИК)

Американските милијардери заработија најмногу за време на пандемијата (ИНФОГРАФИК)

Иако руските милијардери во моментов се во центарот на вниманието поради тековната војна во Украина и зголемените санкции против руски физички и правни лица, милијардерите во САД собраа 1,7 трилиони долари како додаток на нивната нето вредност од почетокот на пандемијата пред две години, пишува „Statista“.

Ова претставува зголемување од 57% во споредба со податоците од „Forbes“ од март 2020-та година, агрегирани од „Американците за даночна правда“ (ATF) со седиште во САД. Како што покажува графиконот подолу, четворица од шесте богати луѓе кои заработиле најмногу се извршни директори на некои од најголемите технолошки компании.

На врвот на оваа конкретна група се извршниот директор на „Amazon“ Џеф Безос и извршниот директор на „Microsoft“, Бил Гејтс, чие богатство порасна на 165 и 130 милијарди долари, соодветно. Коосновачите на „Google“, Лери Пејџ и Сергеј Брин се на петтото и шестото место во рангирањето со богатство од 114 и 109 милијарди долари, соодветно.

Веднаш пред нив е лидерот на мултинационалниот конгломерат „Berkshire-Hathaway“, Ворен Бафет, чие богатство скокна на 118 милијарди долари до 10-ти март 2022-ра година.

Најуспешната приказна е зголемувањето на богатството на Илон Маск. Во текот на изминатите 24 месеци, извршниот директор на „Tesla“ го зголеми своето богатство за 851% од 24,6 милијарди долари на 234 милијарди долари, најмногу поради успехот на акциите на компанијата.

Иако овие бројки може да биде доста тешко да се разберат, „ATF“ направи некои споредби за да ги стави овие случувања во перспектива. На пример, планот на претседателот Џо Бајден, „Build Back Better“, треба да чини 2 трилиони долари во следните десет години. Растот на нето богатството на сите милијардери во САД во последните две години може да го финансира најголемиот дел од амбициозниот план, без богатите во меѓувреме да станат посиромашни.

Огромниот јаз во богатството може да се види и кога се споредуваат приходите на 704-те милијардери во САД со 65-те милиони домаќинства што ја сочинуваат долната половина од американското општество. Нето вредноста на овие домаќинства е околу 3,4 трилиони долари, додека милијардерите е 4,6 трилиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП