Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција со која се осудува рускиот претседател Владимир Путин како воен злосторник, што е ретка демонстрација на единство во длабоко поделениот Конгрес.
Резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите од двете страни, го охрабрува Меѓународниот кривичен суд во Хаг и другите земји да ја таргетираат руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина.

