20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусија тргна во финална пресметка, започнува жестока борба за Киев!

Русија тргна во финална пресметка, започнува жестока борба за Киев!

Руската армија се наоѓа во близина на центарот на главниот град на Украина, каде е прогласен 35-часовен полициски час. За тоа време никој не смее на улица освен војската, а на граѓаните им се препорачува да одат во прифатилишта.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, најави дека полицискиот час е на сила од вчера од 21 часот по локално време и дека ќе трае до четврток до осум часот наутро.

-Забрането е движење низ градот без посебна дозвола. Граѓаните ќе можат да одат само во прифатилишта, рече Кличко.

Тој додаде дека Киев е срцето на Украина и ќе се брани со сите средства. Во исто време, Кличко ги повика мажите кои претходно биле поштедени од најлошите борби за време на конфликтот, инаку руската армија сега се приближува кон градот, а гранатирањето и воздушните напади се засилени.

Русија им остави време на цивилите да го напуштат Киев, што досега го направија околу 1,5 милиони луѓе. Оние што останаа знаат што доаѓа.

-Беше јасно дека она што се случува во Харков, Мариупол и другите градови, порано или подоцна ќе се случи и во Киев – рече жителот на Киев Игор Крупа.

Полицискиот час е прогласен откако вчера пред зори одекнаа две големи експлозии во центарот на Киев. Зафатена е еден станбе блок, по што избувнал пожар. Пожарникарите го гаснеа пожарот со часови, а спасувачите помогнаа да се евакуираат жителите заробени во зградата користејќи мобилни скали. Според соопштението на украинските власти, во гранатирањето загинале четири лица.
Освен тоа, погодена е и фабриката за оружје „Артјом“ во центарот на Киев.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека запленило големо количество западно оружје во Киев, вклучувајќи ги и британските рачни ракетни фрлачи Jewelin.

Инаку, Киев досега беше поштеден од најлошите борби, но руската армија сега се приближува кон градот, па гранатирањето и воздушните напади се засилени.

Москва најави дека прво ќе се фокусира на фабриките на воено-индустрискиот комплекс, кои произведуваат и поправаат оружје на украинските националисти. Руската армија затоа ги повика работниците во тие фабрики, како и граѓаните кои живеат во нивна близина, веднаш да ги напуштат тие области.

Аналитичарите велат дека во наредните денови ќе се случи клучна битка со војната во Украина – за освојување на Киев.

– Ако Русија успее да го освои Киев и да се поврзе со Крим на југ, тогаш Украина е поделена на два дела. Сите канали за снабдување, вклучително и испораката на оружје, ќе бидат прекинати за украинската армија. Тоа практично би значело дека властите во Киев се нашле во мат позиција – објаснуваат аналитичарите и додаваат дека токму таков бил планот на рускиот претседател Владимир Путин цело време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП