30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПомошник на Зеленски: Русија се откажа од барањето Украина да се предаде

Помошник на Зеленски: Русија се откажа од барањето Украина да се предаде

Русија го омекна својот став во преговорите за евентуален договор со Украина, изјави помошник на украинскиот претседател.

Игор Жовква, заменик шефот на кабинетот на претседателот на Украина, вели дека разговорите меѓу руските и украинските претставници станале поконструктивни. Тој нагласува дека Москва го променила својот тон и престанала да бара предавање на Украина, на што се инсистирало за време на претходните разговори.

Жовква рече дека украинските претставници се чувствуваат како умерени оптимисти по преговорите, додавајќи дека средба меѓу Зеленски и Путин е неопходна за значителен напредок.

Сепак, додека Украинците се оптимисти за преговорите со Русија, во соопштение од Кремљ се вели дека Путин останува на својот став и во разговор со Шарл Мишел, шефот на Европскиот Совет, нагласил дека Киев не покажува сериозна посветеност за изнаоѓање решенија прифатливи за двете страни.

Во меѓувреме, пристигна и информацијата дека денешните преговори се завршени и дека работата ќе продолжи утре.

Украинскиот претставник, Михаил Подољак, вели дека има суштински противречности во позициите на руската и украинската делегација во разговорите, но постои и можност за компромис, пренесува „Спутник“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП