Украина разбира дека нема отворена врата за членство во НАТО и затоа предлага начин самостојно да се заштити, под услов да има безбедносни гаранции, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео врска на состанокот на лидерите на Обединетите експедициски сили во Лондон.
„Ако не можеме да влеземе низ отворена врата, тогаш мора да соработуваме со здруженија со кои можеме, кои ќе ни помогнат и штитат и ќе имаат посебни гаранции“, рече Зеленски.

