24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКражба, киднапирања, Елцин, нафта: Тајни документи откриваат како се збогатил Абрамович

Кражба, киднапирања, Елцин, нафта: Тајни документи откриваат како се збогатил Абрамович

Поради поврзаноста со рускиот претседател Владимир Путин, сегашниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович, моментално минува низ остри санкции.

Прво беше санкциониран од британската влада, а потоа и од Премиер лигата, а сето тоа поради неговите врски со Путин. Би-би-си сега објави нови документи за неговото богатство.

Кражба, корупција, киднапирање

Првиот проблем со законот Абрамович го имал во 1992 година, ограбувајки воз полн со гориво, а потоа го препродал. Руските адвокати изјавија за Би-Би-Си дека инцидентот бил само недоразбирање. Московската полиција издала налог за апсење, но случајот потоа исчезнал без трага.

Има и обвинувања за корупција поради купувањето на Сибнефт, каде што му требало политичко влијание кое го немал. Сопственикот на Челзи му подарил повеќе од десет милиони фунти на Александар Коржаков, важен човек во владата на Борис Елцин.

Случајот бил истражен од рускиот парламент во 1997 година, а потоа бил обвинет за измама, но Абрамович тогаш имаше поддршка од рускиот претседател.

Купувањето на Славнефт му донесе обвинение за киднапирање. Кинеската компанија понудила двојно повеќе од Абрамович, а кога нивната делегација пристигнала во Москва да преговара за купување, еден од нивните членови бил киднапиран. Кинеската компанија потоа се повлече од разговорите. Неговите адвокати за Би-Би-Си тврдат дека тој не знаел за инцидентот и дека обвинувањата се лажни.

Врска со млада Украинка

Деновиве на виделина излезе дека тој повеќе од една година е во врска со 25-годишниот модел и водителка Александра Коренџук.

Тој сега е во Москва

Абрамович денеска слета во Москва од Израел, каде што беше фотографиран како чека на аеродромот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП