18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКремљ ја нарече хулиганка новинарката која влета во програма во живо

Кремљ ја нарече хулиганка новинарката која влета во програма во живо

Кремљ соопшти дека постапките на Марина Овсијаникова, која ги прекина вестите во живо на руската државна телевизија Канал 1 за да ја осуди војната во Украина, се „хулиганство“.

Овсјаникова, инаку една од уредничките на телевизијата, во чин на несогласување со војната во Украина, држеше натпис зад водителката во студиото и извикуваше слогани против војната, објави „Ројтерс“.

„ Што се однесува до оваа жена, тоа е хулиганство“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пофалувајќи го Канал 1 за, како што рече, квалитетна, објективна и навремена програма.

Новинарката напиша слогани на англиски и руски јазик.

„Запрете ја војната. Кажете „не“ на војната“, извика таа додека водителката продолжи да ги чита вестите.

Портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права, Равина Шамдасани, на брифинг во Женева рече дека руските власти треба да се погрижат жените да не се соочат со одмазда поради искористување на своето право на слобода на изразување, пренесува „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП