28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМБА: Банкарскиот систем е високо капитализиран и ликвиден, граѓаните непотребно да не се...

МБА: Банкарскиот систем е високо капитализиран и ликвиден, граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи

Во врска со шпекулативните и невистинити информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со движењата на менувачкиот пазар и девизниот курс ги известуваме граѓаните дека менувачките работи кај банките се одвиваат непречено. Банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните. Притоа, курсевите по кои се спроведуваат трансакциите се транспарентни, јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво, се вели во соопштението на Македонската Банкарска Асоцијација(МБА).

Апелираме до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи, притоа водени единствено од шпекулациите и лажните вести, присутни во овој период, додаваат од МБА.

Уште еднаш потсетуваме дека банкарскиот систем е високо капитализиран и ликвиден и како и во досегашниот период има потенцијал за справување со шокови и натамошна поддршка на компаниите и граѓаните, се вели на крај во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП