25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина започнува голема даночна реформа

Украина започнува голема даночна реформа

Украина започнува голема даночна реформа, се вели во изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, дадена на неговиот профил на социјалната мрежа Телеграм.

Промените ќе стапат на сила за време на времетраењето на непријателствата и потоа за време на закрепнувањето на украинската економија.

„Тие предвидуваат укинување на данокот на додадена вредност (ДДВ) и данокот на добивка. Компаниите ќе плаќаат 2 отсто од прометот и ќе има поедноставени сметководствени правила“, додаде Зеленски. За малите и средни бизниси – трговци поединци и сл., плаќањето на даночните стапки ќе биде доброволно.

„Ако можете, платете, ако не – нема да поставуваме прашања“, рече Зеленски.

Владата на Украина презема мерки за поддршка на економијата – таму каде што е можно компаниите да работат безбедно, луѓето да имаат работа, изјави украинскиот претседател, цитиран од украинската новинска агенција „УНИАН“.

Сите деловни инспекции ќе бидат привремено откажани, но под услов компаниите да ги почитуваат украинските закони и да обезбедат нормално функционирање.

„Сите нека работат нормално, градовите нека оживеат. Животот нека продолжи секаде каде што нема воена акција“, рече Володимир Зеленски во своето обраќање.

Ден претходно тој најави дека се подготвуваат олеснувања за финансиските правила, како и дека државата ја гарантира безбедноста на сите финансиски средства и заштеди. Во моментов владата ги развива новите финансиски правила.

„УНИАН“ потсетува дека на крајот на минатата недела владата поднесе предлог до Врховната Рада за укинување на ДДВ-то и акцизите за горивата. Целта е да се обезбеди земјоделска реколта и да се избегне недостиг на гориво во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП