1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСловаци покажаа водороден суперавтомобил (ФОТО/ВИДЕО)

Словаци покажаа водороден суперавтомобил (ФОТО/ВИДЕО)

Словачка е подготвена да го каже својот збор во сегментот на суперавтомобили со концептот на водород. Тоа е она што таа го прави со „Matador MH2“.

Ова иновативно возило моментално е изложено на штандот на словачката изложба во Дубаи, каде посетителите можат лично да го видат автомобилот.

„Matador MH2“ е јасна демонстрација и на техничките можности на брендот и на неговата посветеност на алтернативни извори на енергија. Автомобилот се напојува од единствена водородна централа развиена од словачкиот универзитет „TUKE“. Неговата моќност е 600 коњски сили, со кои првите 100 километри на час се постигнуваат за 3,9 секунди. Максималната брзина е 250 km/h.

Карактеристиките, се разбира, не се највпечатливи, но со оглед на тоа што моделот работи на водород, има многу предности во однос на стандардните електрични автомобили. На пример, неговиот резервоар може да се полни толку брзо како мотор со внатрешно согорување, но автомобилот има нула емисии.

Групацијата „Matador“ започна со работа во 1905-та година како еден од првите светски добавувачи на гуми. Производството на гуми продолжи до 2007-ма година, по што одделот за гуми стана дел од заедничкото вложување со „Continental“. Ослободените пари му овозможуваат на „Matador“ да стане еден од најголемите добавувачи на автомобилски делови во Европа.

Денес, „Matador Group“ е целосно фокусирана на доведување на суперавтомобилот „MH2“ до фазата на масовно производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП