23 април, 2024
ПочетнаКОРОНАИма ли крај за пандемијата Ковид -19? Кина се бори со рекордни...

Има ли крај за пандемијата Ковид -19? Кина се бори со рекордни бројки

Во Кина, бројот на заразени со коронавирус продолжува да расте и земјата го доживува најлошиот бран на инфекција со Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Според официјалните податоци објавени во вторник, вкупно 5.154 новозаразени лица во понеделникот се регистрирани низ целата земја, што е нов рекорден број во тековниот бран на коронавирус.

Нови инфекции се пријавени во 20 региони во земјата, со најтешко погодената провинција Џилин во североисточна Кина со 4.067 нови инфекции.

Главниот град Пекинг и двата важни економски центри, Шангај и Шенжен, исто така, пријавија нови случаи.

И Шенжен и Чангчун, главниот град на провинцијата Џилин, во моментов се во карантин, што исто така влијае на економијата.

Во Чангчун, автомобилската компанија Фолксваген мораше привремено да ја прекине работата во три фабрики кои работат заедно со кинескиот партнер FAW.

Во Шенжен, добавувачот на Apple, Foxconn, го запре производството во својот производствен погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП