21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски потврди: Украинско-руските преговори ќе продолжат и денеска

Зеленски потврди: Украинско-руските преговори ќе продолжат и денеска

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека преговорите меѓу делегациите на Украина и Русија ќе продолжат денеска.

Зеленски во видеообраќање синоќа рече дека украинската делегација „завршила добра работа во текот на вчерашните преговори“, не наведувајќи дополнителни детали.

Тој рече дека вчера разговарал и со израелскиот премиер Нафтали Бенет и оценил дека тоа е дел од напорите „брзо да се заврши војната“ и да се постигне „чесен мир“.

Бенет, кој се обидува да посредува за постигнување мирен договор, вчера разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски со транспарент против војната во Украина го поздрави новинарот на руската државна телевизија кој синоќа упадна во студиото додека пренесуваше вести на Канал 1. Новинарот на таа програма подоцна беше уапсен од полицијата.

Украинскиот претседател повторно им се обрати на руските војници и ги повика да ги прекинат борбите, наведувајќи дека „им нуди шанса да преживеат“.

Во обид да ја зајакне украинската економија разурната од војна, Зеленски ги објави плановите за значително намалување на корпоративните даноци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП