24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Можен е банкрот на Русија

ММФ: Можен е банкрот на Русија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) повеќе не смета дека е невозможно Русија да престане да ги плаќа долговите, но тоа не треба да предизвика глобална финансиска криза, пренесуваат агенциите.

– Веќе не го сметаме рускиот прекин на плаќањата за неверојатно – изјави шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, во интервју за американската телевизиска компанија CBS во неделата.

Поради санкциите воведени како резултат на инвазијата на Украина, Русија сега е во опасност да влезе во „длабока рецесија“, изјави Георгиева, пренесува агенцијата dpa.

Девалвацијата на националната валута, рубљата, веќе значително ја намали куповната моќ на руското население, додаде таа.

Девизните резерви на меѓународната централна банка на Русија се во голема мера блокирани како резултат на санкциите, што и отежнува Русија да го стабилизира курсот на рубљата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП