Конфликтите во Украина ја оштетија украинската економија за 119 милијарди долари, изјави заменик министерот за економија на Украина, Денис Кудин.
Според него, дури 75 отсто од компаниите во областите погодени од војната престанале да работат, а повеќето металуршки компании во источна Украина исто така не работат, пренесува Ројтерс.

