3 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАНово предупредување на СЗО - војна и вирус

Ново предупредување на СЗО – војна и вирус

Светската здравствена организација предупреди дека војната во Украина може да ја влоши пандемијата Ковид-19.

Новиот број на случаи во регионот е помал од минатата недела, но постои значителен ризик од тешки болести и повеќе смртни случаи поради ниските стапки на вакцинација во Украина, како и меѓу повеќе од два милиони луѓе кои ја напуштиле земјата во околните области , односно во региони со исто така ниски стапки на вакцинација, порачува СЗО.

Стапката на вакцинација против Ковид-19 во Украина е околу 34 отсто, додека во соседна Молдавија е околу 29 отсто, покажуваат податоците на порталот „Our World In Data“.

Помеѓу 3 и 9 март, имало вкупно 791.021 нови случаи на ковид и 8.012 нови смртни случаи во Украина и околните земји, според извештајот на СЗО објавен вчера.

„За жал, овој вирус ќе ги искористи можностите да продолжи да се шири“, рече Марија Ван Керкове, технички шеф на СЗО за ковид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП