3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple го превзеде шведскиот AlgoTrim

Apple го превзеде шведскиот AlgoTrim

algotrimm

Американскиот производител на компјутерска техника „Apple“ ја превзема шведската компанија „AlgoTrim“ која е специјализирана за изработка за софтвер за мобилни уреди.

„AlgoTrim“, која е со седиште во Малме, се занимаа со правење и оптимизација на апликации, особено оние за компресија на податоците, зголемувањето на брзината на паметните телефони и подобрување на квалитетот на видеата и фотографиите

Во американската корпорација не соопштија какво место ќе завземе „AlgoTrim“ во структурата на американскиот компјутерски гигант.

„Apple“ од време на време купува мали компании, но по правило не ги коментира своите планови и намери со тие компании, објасни претставничката на „Apple“, Кристин Хјугејт.

Експертите веруваат дека американската компанија ќе ги искорити производите на „AlgoTrim“ за да го подобри квалитетот на мобилните уреди кои таа ги произведува, особено за зголемување на ефикасноста на видео-камерите кои се вградени во смартфоните.

Оваа година „Apple“ веќе превзема шест компании, меѓу кои и они кои се специјализирани за изработка на различни софтвери. По правило американскиот компјутерски гигант купува мали компании кои се занимаваат со најсовремената технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП