26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПочина трудницата од Мариупол чија фотографија го обиколи светот

Почина трудницата од Мариупол чија фотографија го обиколи светот

Почина трудницата чија фотографија го обиколи светот по руското бомбардирање на породилиштето во Мариупол, објави Асошиетед прес.

Жената бегала од бомбардираната болница во Мариупол, каде требало да се породи.

Фотографиите од трудницата која спасувачите ја носат на носилки го обиколија светот.

Таа била префрлена во друга болница, каде лекарите се обиделе да и го спасат животот. Детето било породено со царски рез, но не давало знаци на живот. „Мајката ја оживувавме повеќе од 30 минути, без успех. И двете починаа, мајката и детето“, рече хирургот.

АП пишува дека во хаосот по нападот, лекарите не успеале да го дознаат нејзиното име, но нејзиниот сопруг и татко сепак дошле по нејзиното тело.

„Барем некој дојде по неа, па таа не заврши во масовни гробници кои се копаат за се поголемиот број мртви во Мариупол“, заклучува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП