3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПродолжува битката за Киев, гранатирана воена база кај Лавов

Продолжува битката за Киев, гранатирана воена база кај Лавов

Ситуацијата во Украина не се смирува. Војната во таа земја влезе во 18-ти ден. Сирени за воздушна опасност и експлозии се слушнаа во многу градови низ земјата, а руските сили се приближуваат кон главниот град Киев.

Украинските власти соопштија дека околу 13.000 луѓе се евакуирани преку хуманитарни коридори. Во меѓувреме, околу 2.000 луѓе се евакуирани од регионот на Киев, каде што се водат жестоки борби.

Преговорите меѓу Москва и Киев треба да продолжат. Многу е тешко во пристанишниот град Мариупол, од кој вчера не беше можно повторно да се евакуираат цивили.

Европската унија (ЕУ) нема воено да се меша во ситуацијата во Украина, но ќе се обиде да и наштети на руската економија, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борељ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП