23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран: Ниту санкциите, ниту САД не го спречија извозот на нафта од...

Иран: Ниту санкциите, ниту САД не го спречија извозот на нафта од Иран

Запленувањето на ирански танкери од САД не го спречи Иран да го зголеми извозот на нафта, изјави иранскиот министер за нафтени деривати Џавад Овџи.

„САД во неколку наврати во последните месеци спречија ирански танкери да извезуваат нафта. „Кога непријателот сфати дека не може да го спречи нашиот извоз, ги следеше нашите бродови“, рече тој, пренесоа иранските медиуми.

Тој додаде дека извозот на нафта само се зголемил, и покрај уште построгите санкции и без оглед на исходот од преговорите во Виена за нуклеарниот договор од 2015 година, според Ројтерс.

Забелешките на Овџи уследија по неодамнешното запленување на ирански танкер на Бахамите.

Во Виена се водат преговори за обновување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година и укинување на американските санкции кон Техеран.

„Иранскиот извор на нафта се зголеми и под најтешките санкции“, рече Овџи.

Тој додаде дека зголемувањето е забележано благодарение на „различните методи за добивање договори и наоѓање различни купувачи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП