4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИскористете ја енергијата на вашата младост

Искористете ја енергијата на вашата младост

Successful business people

Доколку имате младешки изглед, може да имате предност кога започнувате бизнис. Доколку на некој начин имате помалку авторитативно лице кои ги предизвикува другите да ве штипнат по образ, се прашувате дали вашата кариера како претприемач е осудена на пропаст? Кој би подржал ризичен бизнис потфат на некој кој изгледал како него во деновите кога бил матурант?

Но, оние претприемачи и бизнис сопственици, кои имаат младешки изглед и се млади не треба да си го земаат овој факт при срце. Не секој мисли дека вашиот младешки изглед е недостаток за вас. На пример една студија на Стенфорд Универзитетот открива дека, кога се вработуваат менаџери во компаниитe, помеѓу оние кои ги имаат докажаните способности и оние кои имаат видлив потенцијал, најчесто, се избираат оние кандидати кои ветуваат односно кои имаат потенцијал.

Да сте млад претприемач е позитивност. Вашиот потенцијал може да ви послужи како предност, која во изборот помеѓу млад и докажан но постар играч, да ве изберат токму вас.

Секако, има луѓе на кои возраста им е важна, но ги има и оние кои ќе ја препознаат енергијата на вашата младост. Затоа носете ја гордо. Се разбира дека ќе постојат луѓе кои ќе мислат дека “деца” не треба да водат бизниси, но бидете учтиви со оние кои размислуваат така. Тоа е се што треба да направите. Не треба да се надмудрувате со нив. Придобијте ги како ваши клиенти или запознајте ги подобро.

Изненадувачки е, како луѓето позитивно реагираат на младоста. Не плашете се да ја користите како предност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП