3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски отворен за разговори со Путин во Израел

Зеленски отворен за разговори со Путин во Израел

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му кажа денеска на израелскиот премиер Нафтали Бенет дека е отворен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Израел, но само доколку има прекин на огнот.

Бенет ја посети Москва и имаше средба со Путин и неколкупати разговараше со Зеленски и лидерите на Франција и Германија во обид да се најде решение за ставање крај на војната.

Зеленски рече дека Бенет го информирал за разговорите со Путин, кој ги игнорирал сите негови претходни понуди за разговор.

Тој рече дека Русите можат да го заземат украинскиот главен град Киев само ако ги убијат сите. „Дури и да донесат милион Руси овде, тие не можат да ја окупираат Украина“, рече Зеленски.

Зеленски го повтори своето жалење поради одбивањето на НАТО да прогласи зона на забранети летови над Украина, и покрај постојаните барања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП