25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската економија го забележа својот најголем раст во последните 81 година

Британската економија го забележа својот најголем раст во последните 81 година

Економијата на Обединетото Кралство забележа највисока стапка на раст во 2021-ва година од Втората светска војна, откако претрпе полесен удар од очекуваното во декември, пренесува „Bloomberg“.

Бруто домашниот производ (БДП) на земјата порасна за 7,5 отсто во 2021-ва година, што е највисок пораст од 1941-ва година. Резултатот ја направи Британија најбрзо растечката напредна економија во минатата година.

Сепак, зголемувањето на крајот на 2021-ва година беше сè уште помало отколку во последните месеци од 2019-та година пред пандемијата.

Откако доживеа посилна рецесија од 9,4% во однос на другите земји во 2020-та година, економијата на Обединетото Кралство забележа силно закрепнување, поддржано од владиниот стимул вреден милијарди фунти за поддршка на работни места и компании.

Се предвидува дека економијата на земјата оваа година повторно ќе ги надмине оние на членките на Г7. Сепак, британската економија допрва треба да се врати на нивоата пред пандемијата на квартална основа, нешто што САД и Франција веќе го постигнаа.

На месечна основа, БДП-то во декември беше на исто ниво како во февруари 2020-та година, кога оваа бројка се намали за 0,2% бидејќи ширењето на видот омикрон ги затвори потрошувачите во нивните домови. За споредба, очекувањата на економистите беа за пад од 0,5 отсто. Така, годишниот раст беше над прогнозите на Банката на Англија (AЦБ) за раст од 7,3%.

„Економијата на Обединетото Кралство покажа посилна отпорност од очекуваното во декември, соочувајќи се со варијантата омикрон на коронавирусот. Денешните податоци исто така сугерираат дека економијата ќе има малку подобри резултати во првиот квартал од прогнозите на „АЦБ“, што овозможува зголемување на каматните стапки во март“, рече Ден Хансон од „Bloomberg Economics“.

Декемврискиот пад го ограничи растот во четвртиот квартал од 2021-ва година на 1%, со што БДП-то е за 0,4% под нивото пред пандемијата од крајот на 2019-та година. Податоците во јануари се очекува да покажат лоши резултати поради рестриктивните мерки наметнати против коронавирусот.

Според главниот економист на „KPMG UK“, Јаел Селфин, инфлаторните притисоци и планираните даночни зголемувања би можеле да дадат „разочарувачки резултати во наредните месеци“ за економската активност. Според Селфин, БДП-то на Британија во 2022-ра година ќе порасне за 3,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП