3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Fiat“ ја објави иднината на легендарната „Panda“

„Fiat“ ја објави иднината на легендарната „Panda“

Неодамна, извршниот директор на „Stellantis“, Карлос Таварес, изрази загриженост за многу високите цени на новите автомобили ширум светот.

Во едно интервју, тој рече дека ќе дојде време кога средната класа нема да може да купува нови автомобили и тоа станува сериозен проблем за автомобилската индустрија.

Еден начин да се реши тоа е да се пласираат електрични возила на пазарот по ниска цена, но речиси и да нема на пазар во моментов. Која е нивната алтернатива? За Европејците тоа може да биде добро познатата „Fiat Panda“.

Италијанскиот градски автомобил го прослави својот 40-ти роденден во 2020-та година и беше модернизиран. А според последните информации од „Fiat“, тој ќе остане во производство најмалку до 2026-та година. Дотогаш, неговото производство е планирано во фабриката во Помилиано (јужна Италија), според „Reuters“, повикувајќи се на синдикатот на металурзите, чии претставници се сретнале со раководството на автомобилската компанија.

Иако е доста зафатена, фабриката Помилиано наскоро ќе започне со склопување на новиот „Alfa Romeo Tonale“. Во исто време, концернот „Stellantis“, кој е сопственик на брендовите „Alfa Romeo“ и „Fiat“, започна со изградба на нова фабрика за батерии во Италија. Фабриката ќе се гради заедно со „Mercedes-Benz“ и „Total Energies“, а ќе се наоѓа во близина на Термоли (јужна Италија). Ова ќе биде трета фабрика за батерии на „Stellantis“ во Европа, по најавените во Франција и Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП