30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБајден: Трета светска војна е нешто што мораме да го избегнеме по...

Бајден: Трета светска војна е нешто што мораме да го избегнеме по секоја цена

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека САД нема да испратат копнени трупи во Украина, пренесува Си-Ен-Ен.

„Нема да водиме Трета светска војна во Украина“, рече Бајден откако повтори дека САД ги поддржуваат сојузниците во НАТО. Тој вети дека САД ќе го бранат секој дел од територијата на НАТО. Тој нагласи дека „директен конфликт меѓу НАТО и Русија би бил Трета светска војна и тоа е нешто што мораме да го избегнеме по секоја цена“.

Бајден рече дека САД веќе и испратиле на Украина противтенковско оружје и одбранбени системи способни да соборуваат авиони и хеликоптери.

„Сепак, сакам да бидам јасен, ќе се погрижиме Украина да има оружје за одбрана од нападите на руските сили. Ќе им испратиме пари и храна за да ги спасиме животите на Украинците. Бегалците од Украина ќе ги примиме со раширени раце доколку тие дојдат овде“, додаде Бајден.

Бајден вели дека разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски речиси секој ден. Тој, исто така, ја истакна важноста на делувањето на Соединетите Држави и нивните сојузници во какви било потези за да се спротивстават на Кремљ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП