22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПутин: Се гледаат позитивни движења, има напредок во преговорите

Путин: Се гледаат позитивни движења, има напредок во преговорите

Еден од последните сојузници на Путин, белорускиот претседател Александар Лукашенко, е во Москва на средба со Путин.

Двајцата претседатели ќе разговараа за руската инвазија на Украина, но и за санкциите што Западот ги воведе кон земјите.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека е постигнат одреден напредок во преговорите на Москва со Украина, но не наведе детали.

„Има некои позитивни случувања, ми велат нашите преговарачи“, рече Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко, додавајќи дека разговорите продолжуваат „практично на дневна основа“.

Путин му се заблагодарил и на Лукашенко за струјата за централата во Чернобил, пренесува РИА Новости.

Тој ги коментираше и санкциите и рече дека и претходно успеале да се справат со овие пречки.

– СССР живееше под овие санкции, се развиваше и постигна голем успех… И по 1990-тите, санкциите против Русија останаа и беа префрлени во модерното време од времето на Советскиот Сојуз, рече тој.

Лукашенко додаде дека санкциите се можност за нивните земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП