2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСЗО и препорача на Украина да ги уништи опасните патогени во лабораториите

СЗО и препорача на Украина да ги уништи опасните патогени во лабораториите

Светската здравствена организација препорача Украина да уништи многу опасни патогени кои се складирани во лабораториите во таа земја, со цел да се спречи можно истекување.

СЗО истакна дека веќе неколку години соработува со украинските медицински власти за да помогне во спроведувањето на безбедносните практики.

„Како дел од оваа работа, СЗО силно препорача Министерството за здравство на Украина и другите надлежни органи да ги уништат особено опасните патогени, со цел да се спречат можните протекувања“, се вели во пораката која денеска ја пренесуваат светските агенции.

Сепак, Светската здравствена организација не соопшти кога била дадена препораката, ниту пак дала конкретни информации за видовите патогени или токсини складирани во украинските лаборатории.

Не е познато и дали се спроведени препораките на СЗО.

Претходно заменик-државниот секретар на САД изјави дека во Украина има капацитети за биолошко истражување и дека Киев и Вашингтон сега работат на тоа да спречат, материјалите, акумулирани таму да паднат во рацете на руските сили, пренесуваат агенциите.

Во својата реакција, Министерството за одбрана на Русија наведува дека со овие зборови тие го потврдуваат учеството на Пентагон во воено-биолошките програми во Украина.

Претходно, Министерството за одбрана на Русија одржа презентација на која се гледа дека САД потрошиле повеќе од 200 милиони долари за работата на биолошките лаборатории во Украина, кои учествувале во американската воено-биолошка програма, пренесоа руските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП