17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија може да ги национализира затворените погони на странските производители на автомобили

Русија може да ги национализира затворените погони на странските производители на автомобили

Висок член на руската владејачка партија предложи национализација на локалните фабрики на странски производители на автомобили кои ја прекинаа работата во земјата поради руската инвазија на Украина, објави „Automotive News“.

Производителите на автомобили, вклучително „Volkswagen“, „Toyota“, „Ford“ и „Hyundai“, најавија привремено затворање на нивните фабрики во Русија откако руските сили ја нападнаа Украина, прекинувајќи ги синџирите на снабдување во регионот.

Во соопштението објавено на веб-страницата на партијата „Единствена Русија“, Андреј Турчак, секретар на генералниот совет на владејачката партија, рече дека затворањето на производителите на автомобили е „војна“ против руските граѓани.

Во соопштението се наведуваат финските приватни компании „Fazer“, „Valio“ и „Paulig“ како најнови меѓународни деловни претставници кои најавија затворање на нивните операции во Русија.

„Партијата „Единствена Русија“ предлага национализација на производствените капацитети на компаниите кои најавуваат дека ги затвораат своите производствени активности во Русија за време на специјалната операција во Украина“, рече Турчак. „Ова е последна опција, но нема да толерираме да бидеме прободени во грб и ќе го заштитиме нашиот народ“, додаде тој.

„Ова е вистинска војна, не против Русија како целина, туку против нашите граѓани“, дециден е Турчак.

„Ќе преземеме строги одмазднички мерки, постапувајќи во согласност со законите на војната“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП