6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗаврши средбата Лавров и Кулеба: Нема договор за прекин на огнот

Заврши средбата Лавров и Кулеба: Нема договор за прекин на огнот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Турција се сретна со неговиот украински колега Дмитриј Кулебa.

Средбата заврши околу 11 часот, а министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека средбата била тешка.

Кулеба рече дека разговорот со Лавров бил без договор за прекин на огнот и хуманитарен коридор од Мариупол.

Посредник на средбата беше турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Лавров рече дека денешната средба покажала дека нема алтернатива за разговорот.

Ги користевте луѓето како жив штит“, рече Лавров, мислејќи на украинската страна.

Зборувајќи за руската страна, тој рече дека приказната за хуманитарните коридори се уште е „на маса“, и да се разговара кои патишта се најбезбедни.

„За време на последната рунда разговори руската страна излезе со конкретни предлози, а украинската не увери дека ќе даде конкретен одговор. Сакаме сериозно да разговараме за работите“, рече Лавров.

Тој рече дека е важно сериозно да се зборува за ситуацијата, а за тоа се зборува и денеска.

„Тие дозволија употреба на оружје во Украина, кое може да се постави секаде, а го користат терористи. Ќе ја прашаме ЕУ како е можно оваа закана за Русија да се создава со години. Во годините што доаѓаат ние ќе ги имаме овие закани не само од Украина, туку „секаде во ЕУ. Дали ќе нападнеме друга земја? Нема, не сме ја нападнале ниту Украина“, рече Лавров, додавајќи дека Путин зборувал за тоа и претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП