28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТИРЗ: Значителен раст на вработувањата и извозот во февруари

ТИРЗ: Значителен раст на вработувањата и извозот во февруари

Значителен раст на бројот на вработени од 4% и над 30% раст на извозот во февруари е регистриран кај компаниите во зоните, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.

Извозот во февруари достигнал 340 милиони евра што е и за 30% повеќе од истиот период во 2021 и за над 36% повеќе во однос на јануари годинава. И кај увозот во февруари е регистриран пораст од 23% во однос на февруари 2021 година, Увозот кај компаниите во зоните во вториот месец од годинава е 300 милиони евра, што е за над 46% повеќе споредено со јануари 2022. Анализата покажува дека во вториот месец од годинава е регистрирано и високо ниво на нето извозот од 16,3%.

Бројот на вработени во февруари достигна највисок ниво досега. Во компаниите во ТИРЗ работат 14.430 наши сограѓани што е за над 4% повеќе во однос на истиот период лани, а само во однос на јануари има пораст од 2%.

Се очекува трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што ТИРЗ во 2021 година постигна договори за инвестиции во вкупен обем од 188 милиони евра кои треба да донесат нови 2700 работни места. Поголемиот дел од овие проекти е планирано да започнат со производство годинава.

ТИРЗ истовремено внимателно ги следи и ризиците со глобалните случувања и доколку е потребно ќе се предложат мерки за справување со можните последици за компаниите.

ТИРЗ заедно со меѓународни економски институции работи на посебни мерки за унапредување и развој на домашните компании со цел да се вклучат во ланците на снабдување кај странските компании во ТИРЗ, но и да станат поконкурентни на странските пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП