Денес, 10 март 2022 година, Центарот за граѓански комуникации го објави Извештајот за јавните набавки за заштита од КОВИД-19 изработен врз основа на длабочински мониторинг на 40 постапки за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во првото полугодие од 2021 година. Мониторираните постапки претставуваат 38 % од сите КОВИД-19 тендери во периодот на мониторинг, а нивната вредност од 5,7 милиони евра е 36 % од вредноста на сите КОВИД-19 тендери во анализираниот период.
Мониторингот ги детектираше следниве клучни проблеми и ризици од корупција:

