19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДрама во воздухот: Откажал едниот мотор на авионот на Трамп

Драма во воздухот: Откажал едниот мотор на авионот на Трамп

Авионот во кој се наоѓал поранешниот американски претседател Доналд Трамп морал принудно да слета бидејќи на сред лет му откажал еден од моторите.

Инцидентот се случил над Мексиканскиот залив, бидејќи откажал еден од трите мотори на авионот „Дасо Фалкон 900“, во кој бил поранешниот американски претседател заедно со советници и членови на тајната служба.

Авионот полетал од аеродромот во Њу Орлеанс и требало да го пренесе Доналд Трамп до неговата резиденција во Мара-а-Лаго, Флорида, откако учествувал на состанок со некои од најголемите донатори на Републиканската партија.

По полетувањето, авионот поминал околу 120 километри, достигнувајќи височина од околу 8.500 метри, пред да се заврти над Мексиканскиот залив и да се врати на аеродромот во Њу Орлеанс, пишува Вашингтон пост.

Авионот е во сопственост на еден од републиканските донатори, кој му го позајмил на Трамп таа вечер. Авионот е регистриран во компанија од Јута која има повеќе од 1.400 авиони.

По инцидентот, друг републикански донатор, Крег Ист, му го позајмил својот авион на Трамп за да пристигне на Флорида, пишува Вашингтон пост.

Јавните претставници на Трамп одбија да го коментираат настанот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП