24 април, 2024
ПочетнаКОРОНАСЗО: Пандемијата на коронавирус е далеку од крајот

СЗО: Пандемијата на коронавирус е далеку од крајот

Пандемијата на коронавирус е далеку од завршена, предупреди генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адана Гебрејесус.

„Во петок ќе бидат точно две години кога рековме дека ширењето на коронавирусот може да се нарече пандемија“, рече Гебрејесус на виртуелната прес-конференција во Женева, додавајќи дека две години подоцна повеќе од шест милиони луѓе починале од вирусот.

Гебрејесус рече дека коронавирусот продолжува да се шири и дека сè уште има пречки во дистрибуцијата на вакцини, тестови и третмани.

Според него, извор на загриженост се тестовите кои можат да детектираат нови варијанти на коронавирус, бидејќи многу земји драстично ја намалиле употребата на тие тестови.

„Тоа не спречува да видиме каде е вирусот, како се шири и како се развива“, рече Гебрејесус, додавајќи дека таквата стратегија за тестирање во Јужна Африка овозможила да се открие варијантата омикрон кон крајот на ноември 2021 година, што е сега доминантен сој во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП